Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден останува во трката за нов претседателски мандат: Политиката не е забава или реално ТВ шоу

Американскиот претседател Џо Бајден на митинг во Детроит, Мичиген, повтори дека нема да се откаже од трката за нов претседателски мадат и предупреди дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп претставува сериозна закана за земјата и демократијата.

– Останувам кандидат и ќе победиме. Јас сум номиниран. Не одам никаде, порача Бајден пред присутните на митингот, кои го поддржаа со повици да не се откажува..

Осумдесет и едногодишниот Бајден, како што оценуваат политичките аналитичари и медиумите во САД, се обидува да ја оживее својата кампања за реизбор и да го оттргне вниманието од проблемите со меморијата.  Откако неговата кампања претрпе голем удар како резултат на слабиот настап во претседателската дебата на 27 јуни, Бајден и од митингот во Детроит предупреди што може да донесе уште еден мандат на Трамп.

– Време е да престанеме да ја третираме политиката како да е забава или реално ТВ шоу, истакна Џо Бајден.

Зачлени се на нашиот е-билтен