Бејби Лазања со контроверната песна „Рим тим таги дим“ ќе биде претставник на Хрватска на „Евросонг“

Победник на овогодишниот музички натпревар „Дора“, кој ќе ја претставува Хрватска на „Евровизија“ во Малме, Шведска, е Бејби Лазања со песната „Рим тим таги дим“. Пејачот, чие вистинско име е Марко Пуришиќ, пред новинарите потоа, емотивно и со солзи, победата му ја посвети на семејството.

– Тешко е да се посвети победа на еден човек, но семејството е секогаш на прво место, затоа ова го посветувам на семејството, рече Марко.

Победата на Бејби Лазања предизвикува поделени мислења и контроверзии во хрватската јавност.

Инаку, тој влезе во натпреварот како резерва, т.е. замена за пејачката За-За. Таа потоа ја поздрави неговата победа, како и други негови колеги. Бејби Лазања доби 74 поени од жирито и дури 247 според гласовите на публиката. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира