Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Имаме 70% реализација на владината ТАВ програма, таа се одвива успешно и граѓаните добиваат проекти од непосреден интерес во нивните општини

Во интервју за порталот Рацин.мк вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори Фатмир Битиќи изразува задовослтво од досегашната реализација на проектите од програмата ТАВ и од од респонзивноста на општините за остварување на проектите што сами ги предложија да бидат поддржани со оваа програма на Владата.

– Со големо задоволство можам да кажам дека имаме 70% реализација на започнатите проекти од ТАВ програмата, и дека реализацијата на овие значајни проекти се одвива успешно според предвидената динамика. Завршени се 56 проекти во 56 општини низ државата, а тековно се работи на 25 проекти. Само од последниот пресек кој го правевме пред 6 месеци, имаме реализација на дополнителни 20 проекти, ова значи дека граѓаните добиваат квалитет и навременост што е многу важно, наведува вицепремиерот Битиќи.

Во интервјуто за Рацин.мк, Битиќи дополнува дека со овие инфраструктурни проекти се опфатени водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица и младински центри.

– Сите се овие инфраструктурни проекти кои се значајни за граѓаните кои живеат во овие општини. За овие проекти аплицираа самите општини што значи дека се нивна потреба а ќе влијаат на квалитетот на живот, средени населби, здрава животна средина, за сограѓаните низ целата држава, истакнува во интервјуто за порталот Рацин.мк вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Спроведувањето на програмата ТАВ сосе остварува со пренаменета на 49,7 милиони евра кои беа планирани за карго аеродромот во близина на Штип, за да се реализираат 99 проекти во 75 општини и за оваа програма е надлежен вицепремиер за координација на економските ресори Фатмир Битиќи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира