Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блумберг: САД предложиле емисија на обврзници за финансирање на помошта за Украина

– САД им предложиле на сојузниците од Г-7 да создадат специјален механизам за емисија на обврзници во вредност од 50 милијарди долари, што ќе се обезбедат од профитот од замрзнатите руски активи, објави Блумберг.

Агенцијата наведува дека сепак разговорите за овој проект се во прелиминарна фаза. Предлогот предвидува собирање на 280 милијарди долари руски активи кои се замрзнати на разни сметки во земјите на Г-7 и во Европска Унија.

Повеќе од две третини од тие хартии од вредност се блокирани од ЕУ. Овие средства носат околу 3,6 милијарди долари годишен профит. Приливот од предложената емисија на облигации би бил речиси 60 милијарди долари.

Некои земји членки на Г-7 како Германија и Франција веќе изразиле внимателност за идејата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен