Целакоска и Беличанец со грст аргументи го демантираа младото момче кое излезе на прес на ВМРО-ДПМНЕ

Дел од академската фела бурно реагираше на прес конференцијата на претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, посветена на состојбата во образованието и најновата Шангајска листа на универзитети.

Според професорката Емилија Целакоска, партијата нема кредибилитет да зборува на темата образование.

„Некој дисперзиран жолтоклунец Попов од ВМРО ДПМНЕ вели недоволно се вложувало во образованието. Оти во вмровско груево си знаевме дека сѐ ни е доволно само да не се расипува уште. Заборавивте дека ВМРО ДПМНЕ направи закон со дебилно екстерно за студенти со жигосување? Зошто ви излегоа сите студенти и ве паднаа? Заборавивте дека имаше екстерно за основци на раскантани компјутери „за секое дете” со незаконски кец во свидетелство и казни за неподобни наставници по вмровски критериуми? Та вмро нема комисија за образование, има компанијамесоборанија кружок за како ќе каже боксерот или билдерот. Наместо да се скрие вмро под ќебе на тема образование (да не зборувал и за наука, дисперзираниов), тие се прават на тошо!?“, напиша универзитетската професорка Емилија Целакоска на својот Фејсбук профил.

Реакција имаше и професорот Тито Беличанец.

„Срамно лажете колега. За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ државните универзитети беа доведени на питачки стап. Во последните три години платите и другите приходи на професорите и средствата за студентите се зголемени преку 30%. Пустошот што го остави ВМРО-ДПМНЕ не може да се санира во кус временски период“, напиша Тито Беличанец на својот Фејсбук профил.

Треба да знаете
Moже да ве интересира