„Црно Собрание” го отвори „Силата ЕУ Младите”

Платформата „Силата  ЕУ младите” ги препознава прогресивните и креативни млади кои со своето творештво и делување во јавната сфера ги носат и промовираат прогресивните вредности. Дел од програмата се музички настани, дисккусии и поткасти.

Со концерт на средношколската рок група „Црно Собрание”,  вчера беше отворен Проектот за промоција на младинската култура „Силата ЕУ Младите”. Проектот има за цел да ја препознае, интегрира, поддржи и промовира креативната сила на младите луѓе активни во градење на современа урбана култура. Организатори и реализатори на платформата за развој на музика и култура се Дискографска куќа PMG Recording и Здружението на граѓани КРАЈ ВАРДАРОТ Скопје.

„Се обидуваме да создадеме една платформа каде што ќе успееме да го издвоиме најдоброто од нашата младина, затоа што треба да ги вреднуваме младите и да им дозволиме максимално да го искористат својот потенцијал. Навистина сме возбудени поради тоа што добиваме многу добар фитбек од млади кои што сакаат да дојдат да видат што е ова и кои настани ќе ги има на оваа платформа. Моментално сите настани се концентрирани во Скопје. Покрај нашите домашни млади артисти ќе имаме и некои странски настапувачи кои ќе дојдат. Се надеваме дека ќе успееме да создадеме атмосфера во која ќе можеме да се прошириме со тек на времето и тоа не само ние, туку и дека ќе се создадат слични иницијативи кои ќе пробуваат да го извадат максимумот од младите и да им дадат еден простор каде што ќе можат да се реализираат“, вели  Лаика Попова, портпарол на проектот.

Платформата „Силата  ЕУ младите” ги препознава прогресивните и креативни млади кои со своето творештво и делување во јавната сфера ги носат и промовираат прогресивните вредности. Дел од програмата се музички настани, дисккусии и поткасти. Во склоп на проектот ќе настапат диџеи на OVC Колектив, најмладиот урбан колектив во градот кој ја промовира електронската музика. На 8 март во МКЦ музички настап ќе има култниот белградски рок состав „Артан Лили“ кому на сцената како предгрупа ќе му се придружи младиот скопски состав „Занаду“. Потоа на 16 март ќе се реализира електронска клупска вечер со лондонската диџејка KT со локална поддршка од домашни диџеи. Во рамките на проектот ќе се организираат поткасти во рамки на кои ќе се зборува за теми актуелни за младите денес и за нивните интереси, потреби и предизвици во контекстот во кој живеат и делуваат и вредностите кои ги застапуваат.

„Проектот главно се состои од повеќе музички настани. Ќе настапуваат млади артисти од различни жанрови.  Рок бендот “Црно Собрание” го отвараат самиот настан. Потоа следи денски рејв од страна на “ОВСКолектив”. Тие се  млад колектив кои пробуваат да донесат една нова иницијатива и нова свежина на македонската електронска музичка сцена. Ќе има и голем број на други наши артисти кои ќе настапуваат. Освен музичките настани ќе има и неколку стриминг дискусии каде што ќе ги прашуваме младите за нивни ставови и мислења и идеи. Што ги инспирира? Што мислат дека е добро кај нас и што можеме ние како млади да се потрудиме за да ни биде подобро“, вели Лаика Попова.

Во склоп на проектот „Силата ЕУ младите” се планира издавање на винил компилацијата со млада современа македонска поп музика „Поп Култура“. Компилацијата претставува пресек на современата поп продукција на млади македонски музичари и мошне значаен историски документ како запис за времето и квалитетот на оваа сцена. Освен на винил, компилацијата за поширока дистрибуција ќе има и свое дигитално издание, кое ќе биде објавено на музичката платформа Bandcamp на профилот на ПМГ Рекордингс, како нејзин издавач. Оваа компилација ќе се промовира со посебен музички настан кој, воедно ќе биде и завршен настан на проектот, а ќе се реализира во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје.

Преземено од Трн.мк

Треба да знаете
Moже да ве интересира