Дончиќ и Јокиќ повторно меѓу најдобрите, но НБА има нова ера

PHOTO: NBA

Дончиќ и Јокиќ повторно се меѓу најдобрите во НБА, но изборот на идеалната петорка за сезоната 2025/26 покажува дека лигата веќе влегува во нова ера, во која покрај проверените европски ѕвезди сè поголем простор земаат Виктор Вембањама, Шеј Гилџес-Александер и Кејд Канингем.

НБА ја објави првата идеална петорка, во која се најдоа Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Виктор Вембањама, Шеј Гилџес-Александер и Кејд Канингем. Јокиќ и Гилџес-Александер беа избрани едногласно, со по 100 гласа за прв тим, што уште еднаш ја потврдува нивната доминација во сезоната.

Јокиќ зад себе остави уште една историска година со трипл-дабл просек од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции. Дончиќ, пак, ја заврши сезоната како најдобар стрелец во лигата со 33,5 поени во просек, а влезот во првата петорка му ја потврди позицијата меѓу најмоќните офанзивни играчи во светот.

Но приказната не е само за Дончиќ и Јокиќ. Вембањама првпат влезе во првата НБА петорка и само еден глас го делеше од едногласен избор, додека Канингем го заокружи составот како лидер на новиот Детроит. Тоа е сигнал дека НБА постепено се поместува од ерата на Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурент кон генерација што веќе не чека ред.

Во втората петорка се најдоа Џејлен Браун, Кавај Ленард, Донован Мичел, Кевин Дурент и Џејлен Брансон, додека третата ја сочинуваат Тајрис Макси, Џамал Мареј, Џејлен Џонсон, Џејлен Дурен и Чет Холмгрен.

Најчитано