Откако израелската армија изврши напади во близина, започна евакуацијата на пациентите и медицинскиот персонал од „Кемал Адван“, последната болница во функција на северот на Појасот Газа, јавува Анадолија.
Според информациите на дописникот на турската државна агенција, израелската армија гаѓала близу одделот за прием на пациенти и итната помош на болницата „Кемал Адван“, предизвикувајќи големи разурнувања во областа каде пациентите пристигнуваат во болницата.
Поради нападот на израелската армија и присуството на израелски војници околу болницата, управата на болницата почнала да ги евакуира ранетите, пациентите и медицинскиот персонал, „поради страв дека израелската војска повторно ќе упадне или ќе а нападне болницата, како што направи на 12 декември минатата година“, наведува Анадолија.
Откако израелската армија ја опколи и во голема мера ја уништи болницата Ал-Авде во областа Тел ез-Затер во Џабалија, нема ниту една болница во функција на северот од Појасот Газа.