Фејсбук тастерите исчезнуваат од интернет: Еве што ќе се случи со „Like“ и „Comment“!
Мета потврди дека на 10 февруари 2026 година, овие функции ќе престанат да работат, и со ваквиот потег ќе го затвори долгогодишното поглавје во социјалните интеракции на интернет.
Од социјалната мрежа Фејсбук, за околу два месеци Мета ќе ги укинува додатоците „Like“ и „Comment“. Со ваквиот чекор на раководството на Фејсбук, завршува 15-годишната ера на овие функции. Од февруари 2026 година, овие тастери нема повеќе да бидат видливи надвор од самата платформа, а страниците нема да имаат технички проблеми.
По 15 години, Фејсбук и официјално ќе се збогува со своите најпрепознатливи екстензии, тастерите „Like“ и „Comment“ на надворешните веб-страници. Мета веќе потврди дека на 10 февруари 2026 година, овие функции ќе престанат да работат, и дека со ваквиот потег ќе го затвори долгогодишното поглавје во социјалните интеракции на интернет.
Овие долговечни функции на корисниците им овозможија 15 години, користејќи ги своите фб сметки да лајкуваат и коментираат содржини на блогови, медиумски портали и други страници, со што создаваа мост помеѓу социјалната мрежа и интернетот во целина.
Додатоци за „Like“ и „Comment“ беа лансирани од Фејсбук во 2010 година, и веднаш станаа клучен дел од онлајн интеракцијата. Нивното присуство на различни страници го променија начинот на кој корисниците комуницираат со содржината, овозможувајќи моментална повратна информација и увид во популарноста на објавите.
Сепак, како што се менуваа навиките на корисниците и се појавуваа посовремени начини на интеракција, популарноста на овие копчиња значително се намали. Мета наведува дека отстранувањето на додатоците е дел од стратегијата за подобрување на корисничкото искуство и преминување кон посовремени алатки.
Што значи отстранувањето на додатоците на страницата?
Иако копчињата „Ми се допаѓа“ и „Коментирај“ ќе исчезнат од надворешните страници, Мета ветува дека нема да има грешки во кодот или проблеми со функционирањето на веб-страниците. Програмерите нема да треба да преземат никакви задолжителни технички чекори, иако им се препорачува рачно да ги отстранат застарените додатоци за поуреден приказ на страницата.
На овој начин, преминот од стари кон нови функции ќе се изврши непречено, без да се загрози постоечката содржина или корисничкото искуство. Корисниците ќе можат да продолжат да комуницираат на страниците додека новите системи постепено ќе се воведуваат во позадина.
Петнаесет години дигитална историја се ближат кон крајот
Одлуката на Мета го означува крајот на една од најдолготрајните и највлијателни функции на Фејсбук. Копчињата „Like“ и „Comment“ повеќе нема да бидат дел од секојдневното искуство на корисникот на интернет, со што се затвора едно поглавје во дигиталната еволуција на социјалните мрежи.
Овие додатоци некогаш претставуваа револуција во поврзувањето на корисниците со интернет содржини, а сега остануваат симбол на дигиталната историја и почеток на нов пристап кон онлајн интеракцијата и ангажманот.
Што доаѓа по „Like“ и „Comment“?
Meta се свртува кон посовремени начини на интеракција и дигитален ангажман. Новите алатки и функционалности ќе бидат дизајнирани за да се овозможи побрза и посовремена комуникација, со фокус на приватноста и персонализацијата на корисничкото искуство.
Корисниците и програмерите ќе мора да се прилагодат на промените, но дигиталната револуција продолжува да се развива, оставајќи ги зад себе иконските додатоци „Like“ и „Comment“ кои го обликуваа социјалниот интернет повеќе од една деценија.

Најново
Морбили во Македонија, Даниловски бара отчет од здравствените институции
СДСМ обвинува за доцнење на плати и прашува дали државната каса е празна
Познат датумот за новиот парламент на Србија, почнува рокот за нова влада
Полски медиуми: Напаѓачот од Краков се поврзува со девет убиства
Слава му на Свети Димитриј од Солун
Тесла ја гаси линијата за „Сајбертрак“ во 2027, местото го презема роботакси
Хрушчов се плашел за животот, а со Тито ја кроел судбината на Унгарија
(ВИДЕО) Земјотрес во Јапонија, над 20 повредени и предупредување за нови потреси
Македонската царина наплати над 2,1 милијарди евра, ЕУ бара нов законик
Македонија
Морбили во Македонија, Даниловски бара отчет од здравствените институции
Протест за Билјана и против фемицидите в недела во Скопје
За секој невложен денар во зелена транзиција ќе губиме по 10 во следните години
Во 60 од 80 општини повеќе починати од родени, каде е најголем падот?
Викенд во Лесново, манастир и пештери во кратер на згаснат вулкан
Нурна 338 метри, Скопје му даде чест што ја добија Тито и Мајка Тереза – кој е Бартоломиеј Питала?
Сиљановска го предложи Славески, зошто молчи за Алта банка?
Протест за Билјана и против фемицидите в недела во Скопје
Зошто дел од банкарските услуги беа недостапни и што се менува од понеделник
Магазин
Тесла ја гаси линијата за „Сајбертрак“ во 2027, местото го презема роботакси
Сварена најдобрата ракија
Дерматолозите откривааат правило од три минути за нега на кожата по туширањето
Зошто Данска ги дели жителите на „западни“ и „незападни“?
Замок стар 1000 години и куќата во која пишувал Дикенс се распаѓаат, Англија ќе спасува 197 историски места
Во подземен тунел во Грција откриено суштество именувано по чудовиште од „Господарот на прстените“
Му позајмивте пари на пријател? Анкета во САД откри колку често не се враќаат
„Бош“ укинува уште 750 работни места, дел од развојот се сели во Кина
Не се сите грицки лоши: Еве една што нутриционистите ја препорачуваат
Најново
Најчитано
Магазин