ФЕЉТОН Опиумот во Македонија: Рацин.мк ја раскажува фамата за необичниот цвет од сончевата долина

Експанзијата на производството на канабисот (марихуаната) за медицински цели во Македонија последниве години, колку што ја детектира оваа дејност како естра-профитабилен бизнис, толку и покажува дека таа, повеќе од симболично, не е „без корен“.

Производството на канабисот за медицински цели нè навраќа во не толку далечната историја кога македонското поднебје не само што било препознаено како одлична почва за насади со афионот, од кој се добиваат опиумот и морфиумот, туку имало и водечко место на светската мапа на производството на овие опијати.

Од недела (19 февруари), во 17:00 часот, на Рацин.мк во неколку продолженија ќе ја читате приказната за историјата на афионот и опиумот во Македонија; зошто земјава била нарекувана „Балканска Колумбија“; како опиумот се произведувал, шверцувал и(ли) дистрибуирал во 19. и 20. век; зошто архивските документи за опиумот во Македонија се атрактивни како трилер-сторија за филм или ТВ серија…

Треба да знаете
Moже да ве интересира