Генералниот секретар на НАТО, Руте ќе ја посети Босна и Херцеговина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во понеделник ќе ја посети Босна и Херцеговина, соопшти прес-службата на Алијансата.

Руте во Сараево ќе се сретне со високи претставници, меѓу кои претседателот и членовите на Претседателството, премиерот, министрите за надворешни работи и за одбрана, како и со в.д. министерот за безбедност.

Тој ќе ја посети базата „Бутмир“, ќе разговара со високиот претставник за Босна и Херцеговина и со претставници на ЕУ. Програмата предвидува Руте да се обрати пред студентите на Универзитетот во Сараево.

Се очекува Руте и претставници на Претседателството да дадат изјави за медиумите.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?