Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германската економија во четвртиот квартал од 2023 година забележа квартален пад од 0,3 отсто

Во четвртиот квартал од 2023 година, германската економија падна за 0,3 отсто во однос на претходниот квартал и за 0,2 отсто во однос на четвртиот квартал од 2022 година, во согласност со претходните прелиминарни проценки, објави денеска германскиот Завод за статистика Дестатис.

Откако германската економија главно стагнираше во првите три квартали од минатата година, економските перформанси се намалија во четвртиот квартал од 2023 година, главно поради падот на бруто инвестициите во градежниот сектор и производството на машини и опрема, се вели во извештајот.

Дестатис ја потврди својата претходна прогноза, наведувајќи дека германската економија паднала за 0,3 отсто на годишно ниво во 2023 година, откако пораснала за 1,8 отсто во 2022 година, пренесува Танјуг.

„Германската економија во минус ја заврши 2023 година. Во последниот квартал падот на инвестициите ја забави економијата, додека потрошувачката благо се зголеми“, изјави претседателката на Дестатис, Рут Бренд. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира