Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германскиот вицеканцелар пристигна во Киев придружуван од деловна делегација

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек пристигна денеска во Киев во посета фокусирана на руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина, итната помош и зајакнувањето на економијата на земјата, јави ДПА.

Хабек, кој ја извршува и функцијата министер за економија, е придружуван од деловна делегација. Патувањето доаѓа додека Германија се подготвува да ја одржи следната Конференција за закрепнување на Украина во Берлин на 11 и 12 јуни. Германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски се заеднички домаќини на меѓународната средба.

По пристигнувањето Хабек рече дека посетата се одржува во време кога на Украина и е потребна сета поддршка што може да ја добие во нејзината „борба за слобода“.

– Да, Украина се бори за сопствено самоопределување, за својот територијален интегритет против агресијата на (рускиот претседател Владимир) Путин, но се бори и за вредностите што ја обединуваат и ја карактеризираат Европа, рече тој.

Во Киев, Хабек меѓу другите ќе се сретне со Зеленски, вицепремиерката и министерка за економија Јулија Свириденко и министерот за енергетика Герман Галушченко. 

Зачлени се на нашиот е-билтен