Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Глобалниот долг достигна рекордни 312 билиони долари

Глобалниот долг достигна рекордни 312 билиони долари на крајот на вториот квартал од 2024 година, пред се поради растот на задолжувањето во САД и Кина, покажуваат вчера објавените податоци од Институтот за меѓународни финансии (IIF).

Покрај Кина и САД, долгот го зголемија и Индија, Русија и Шведска, додека други европски земји и Јапонија забележаа значителен пад.

Глобалниот долг се зголеми за 2,1 билиони долари во првата половина од годината и постои можност ситуацијата дополнително да се влоши поради намалувањето на каматните стапки, пренесува Ројтерс.

Зголемувањето на задолжувањето во голема мера е последица на енергетската транзиција и преминот кон обновливи извори на енергија, според ИИФ.

Глобалниот однос на долгот и БДП – показател за способноста за отплата на долгот во споредба со произведеното – се стабилизира помеѓу 327 и 328 проценти, се вели во извештајот.

На пазарите во развој, односот на долгот кон БДП достигна нов максимум од 245 проценти.

Авторите на извештајот наведуваат дека се загрижени поради очигледниот недостаток на политичка волја за решавање на проблемот со долгот – како во напредните економии, така и на пазарите во развој.

Зачлени се на нашиот е-билтен