Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Големиот патриот и владика Петар на панихида под бугарски диктат?

Од една страна владиката Петар во јавноста се обидува да се претстави како голем патриот, кој се бори за зачувување на македонскиот идентитет, од друга страна држи панахида за бугарски херои кои го дале својот живот во Првата светска војна, заедно со бугарскиот митрополит Кипријан, кој е познат негатор на Охридската Архиепископија.

Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар панахидата ја служеше во црквата Свети Ѓорѓи во селото Цапари во чест на бугарските херои, а покрај него службата ја изведуваше и Кипријан кој во јавноста е познат по неговите изјави и гласното тврдење дека Охридската архиепископија е бугарска, а не македонска. Тој исто така беше најгласен во носењето на одлуката на БПЦ да не присуствува на  свеченоста за одбележување на 1.000-годишнината од создавањето на Охридската архиепископија во 2018 година.

На панахидата која ја предводеше владиката Петар присуствуваа бројни членови на Здружението на Бугарите „Ванчо Михајлов” од Бугарија кои се познати со контроверзни изјави и негирање на македонскиот народ и јазик, како и бројна бугарска делегација.

Владиката Петар неретко знае да се види со изјави во македонските медиуми како е против внесувањето на Бугарите во Уставот, а сега држи панахида за бугарските војници, со лица кои се негатори на македонскиот идентитет и црковна автокефалност.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново