Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хеликоптерите и авионите кои помагаат во гаснење на пожарите се мобилизирани преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ

Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ мобилизиран е еден хеликоптер од Србија, два хеликоптера од Словенија, два авиони и еден хеликоптер од Турција, еден авион од противпожарната флота на ЕУ од Хрватска и еден авион од Романија, објави Делегацијата на Европската Унија во земјава.

Тие истакнуваат дека брзо одговориле на барањето на Владата за помош во напорите со тешките шимски пожари.

„ЕУ отсекогаш била тука за Северна Македонија во тешки времиња. Нашата брза и суштинска помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ обезбедува витална поддршка за локалните напори во борбата против разорните шумски пожари“, изјави Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија.

Ова не е прв пат Северна Македонија да побара мобилизација преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Во август 2021 година, со поддршка на ЕУ се гаснеа пожарите во пехчевско и беровско, а во 2015 и 2016 година беше обезбедена поддршка за справување со поплавите.

Механизмот за цивилна заштита исто така беше употребен за обезбедување помош за справување со пандемијата со КОВИД-19.

Треба да знаете
Moже да ве интересира