Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

И 100 дена од новата влада поминаа, граѓаните сè уште ги чекаат субвенциите за инвертер клими

Не се знае кога ќе бидат исплатени сибвенциите за инвертор клима уредите за кои аплицираа граѓаните на јавниот повик на Министерството за економија во почетокот на годинава, за кои обврската ја презеде новото Министерство за енергетика, минерални суровини и рударство.

Според информациите на Рацин.мк, во МЕМСР се прави евалуација на документите иако иста таква евалуција правеше министерството за економија, под чија надлежност беа претходно документите.

Уште на почетокот на август министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска,на брифингот со новинарите рече дека за оваа намена се обезбедени пари и ќе бидат исплатени по донесување на ребалансот на Буџетот.

-Прво ги скративме, но по реакција на министерот за економија Бесар Дурмиши ги додадовме средствата. Сите ќе ја добијат поддршката кога ребаласот ќе биде изгласан во Собранието, рече тогаш министерката Димитриеска Кочоска.

Јавниот повик за субвенции за клима уредите на крајот на јануари и во почетокот на февруари годинава предизвика огромен интерес кај граѓаните. Само за неколку дена колку што траеше, беа поднесени околу 8.000 барања, а заедно со другиот повик за субвенции имаше над 18.800 апликации.

Станува збор за доделување ваучери за инвертер клима-уреди согласно програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година за што беа предвидени 210.000.000 денари, како и за доделување ваучери за инвертер клима-уреди согласно програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година за што беа предвидени 45.000.000 денари.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново