Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Извори за Рацин.мк: Љутков да си ја провери документацијата за временото преземање на Универзална сала, неговите наводи не се точни

Извори од Министерството за култура, добро упатени во постапката за реконструкцијата на Универзална сала велат дека ништо од тоа што го наведе денеска актуелниот министер Зоран Љутков за Универзална сала не е точно.

За Рацин.мк тие велат дека пред да излезе на прес конференцијата денеска, министерот Љутков требало да ја побара во архивата или во правната служба целата документација за временото преземање на Универзална сала за да се увери самиот себеси дека не е точно неговото тврдење дека не се знае во чие владение е Универзална сала.

Во разговорот за Рацин.мк, нашиот извор вели дека постапката за „преземање“ на Универзална сала е спроведена сосема низ можните легални процедури токму заради тоа Министерството за култура времено да го преземе владението над објектот за да се спроведат одлуките на Советот на Град Скопје и на Владата која, само врз основа на една таква, легална постапка можеше да донесе и донесе одлука за финансирање на реконтрукцијата на овој објект.

Тоа, вели нашиот извор, ги прави неиздржани обвинувањата на актуелниот министер за култура и туризам Љутков, кога вели дека „не можеме како министерство за кулутра, како владина институција да финансираме или да градиме објект, локална установа, по закон не можеме да градиме локална установа, по закон не можеме да градиме локална установа“.

Нашиот извор потсетува дека не само Универзална сала, туку и повеќе други објекти се „преземени“ за да се реконструираат, како што е на пример, реконструкцијата на старото училиште во Љубојно кое, кофа ќе биде готово, ќе се пренамени во Центар за македонски јазик.

Инаку, од прегледот на претходните прес конференции на Бисера Костадиновска Стојчевска, како онаа од 9 февруари оваа година, може да се заклучи дека тимот на Министерството за култура, преку Министерството за правда и преку сите релевантни чинители што беа вклучени кога проектот за реконструкција и доградба за Универзална сала, после повеќе ургенции успеало да ги собере сите релевантни документи потребни за финализирање на административната постапка.

Благодарение на таа постапка Министерството за култура ја обезбед потребната документација, соопшти тогаш министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, и ги обезбеди условите за продолжување на реконструкцијата, за што говори и обезбедувањето средства за 2024 година, како и обезбеденото тригодишно финансирање.

Бисера Костадиновска Стојчевска на таа прес конференција укажа дека благодарение на таквата постапка се Владата обезбеди повеќегодишна јавна набавка за да нема никакви пречки до негова крајна реализација.

За таа цел, ни посочува нашиот извор во Министерството за култура, на 31 мај, се одржал состанок на тимот за капитални инвестиции на министерството, заедно со проектантите од Мегарон и изведувачот на работите за да продолжат работите на реконструкцијата, откако беше утврдена состојбата предизвикана од пожарот на 9 април.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново