Камала Харис (59), потпретседателката на САД и кандидат на Демократската партија за претседател на изборите што ќе се одржат на 5 ноември, денеска го објави своето медицинско досие кое потврдува дека е во добра здравствена состојба и способна за извршување високи должности.
Камала Харис, како што јави Би-Би-Си, го направила токму спротивното од нејзиниот противник во претседателската трка, Доналд Трамп, кој одбил да го стори тоа. Веста ја објавија и американските медиуми.
Во документот што го сподели Белата куќа, лекарот на американската потпретседателка Џошуа Сајмонс изјави дека последниот медицински преглед на Камала Харис во април бил „незабележителен“ и дека таа одржува активен животен стил и „многу здрава исхрана“ и покрај нејзиниот исклучително напорен распоред.
Според овој извештај, Камала Харис има сезонски алергии и повремени осипувања, не користи тутун и пие алкохол само умерено.
„Таа ја поседува физичката и менталната издржливост неопходни за успешно извршување на претседателските должности“, напиша докторот.
Соработник на Камала Харис изјави дека одлучила да објави информации за нејзиното здравје токму за да укаже на фактот дека Трамп одбил да го стори тоа.
Kamala Harris releases a summary of her medical records from her White House physician, who deems her to be "a healthy 59-year-old female." https://t.co/zEDDukKb89
— NBC News (@NBCNews) October 12, 2024
Персоналот на Камала Харис се обидува да се фокусира на фактот дека Трамп (79) е најстариот претседателски кандидат откако сегашниот претседател Џозеф Бајден (81) се повлече од претседателската трка.
Анкетите покажуваат дека изборите ќе бидат неизвесни, а кампањата на Камала Харис сака да направи разлика со тоа што ќе укаже на нејзината компаративна предност на помладата возраст и транспарентноста.
Во 2018 година, додека Трамп беше на функцијата, лекарот од Белата куќа рече дека Трамп генерално е во одлична здравствена состојба, но дека треба да ослаби и да воспостави дневна рутина за вежбање.
Сајмонс изјави дека алергиите на Камала Харис се добро контролирани со лекови без рецепт и лекови на рецепт. Нејзините исипи се повремени и минливи и добро реагираат на третман со антихистаминици.
Камала Харс е на имунотерапија со алергени во последните три години. Таа носи контактни леќи. Нејзината мајка боледувала од рак на дебелото црево. Камала редовно врши превентивни здравствени прегледи, вклучувајќи колоноскопија и годишни мамографи, додаде докторот.