Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Караванот „Не чекај! Превенирај’’ од СДСМ  е општествена одговорност за борба за женското и машко здравје

СДСМ како една општествено одговорна партија во текот на месец Октомври и во текот на месец Ноември организираше трибини за подгнување на свеста за машкото и женското здравје на коишто  акцентот беше ставен на самото значење на превенцијата и кога да се јават на навремен преглед граѓаните и покрај тоа СДСМ превзема мерки и политики за заштита на здравјто на граѓаните.

Караванот „Не чекај превенирај’’ се одржуваше во поголемите градови во Македонија на кои гласно говореа познати доктори, специјалисти упатувајќи јасен апел до граѓаните дека секое безболно топче (тумефакт) може да доведе до јасни компликации и да предизвика импакт врз нивното здравје. Меѓу имињата кои говореа на трибините се најдоа најдобрите оти СДСМ веќе со децениии го нуди најдобро на граѓаните – од секој можен аспект, оставајќи белек како партија којшато има општествен морал, свест и одговорност.  Од трибините гласно говореа: проф д-р Венко Фили Филипче, проф. д-р Калина Гривчева Страделова,  проф. д-р Сашо Дохчев, проф. Д-р Гордана Антулевска – Белчевска,  проф. д-р Хирстијан Костов,  спец. д –р Елизабета Чипуровска и асс.д-р Маја Манолева, замени министерка за здравство како и  проф.д-р Ана Данева Маркова  и д-р Диме Коцев.

Докторите, со своето долгогодишно искуство во клиничката пракса, упатија јасни и прецизни пораки за  навремените прегледи посочувајќи на тоа дека тие се клучен елемент за здравствената состојба на секој поединец. Целта е да се подигне свеста на граѓаните без разлика на нивната припадност а со самото тоа да се зачува и нивното здравје – бидејќи здравјето е најмоќното оружје  со коешто може да располага секој еден човек.

Караванот насловен како „ Не чекај превенирај’’ наиде на огромна поддршка од граѓаните. Граѓаните се тие коишто го избираат најдоброто и тие  ја препознаваат секоја активност од страна на СДСМ којашто секогаш е за да се има подобар животен стандард и начин на живеење.

Во текот на месец Октомври или познат уште како месец на женското здравје, покрај апелите за превенција и рак на дојката, гласно се говореше и за новата скрининг програма на Министерството за здравство, кадешто преку порталот скринин.мк,  секоја наша сограѓанка самоиницијативно може да се пријави и да си закаже скрининг на дојка. Ова е новитет, кој го воведе Владата со поддршка од Министерството за здравство за разлика од претходно кога за преглед се чекаше со месеци. 

Она што е непоходно е да се знае дека исто така освен програмата за скрининг, изработени се и нови протоколи за пред и по оперативен третман за онколошките пациентки и за нив има одделен скринг – а тоа значи намалена гужбва пред кабинетите за дојка и полесен пристап до услугите.

Во рамките на скрининг програмата најзначајно е да напомене дека – комплетната партиципација за прегледот е покриена од страна на Министерството за Здравство.

Од друга страна пак – Ноември ја носи приказната за машкото здравје или уште познат месец како „Моември’’ на кој акцентот се става за најчестите машки болести и како да се направи нивна превенција. Како најчести машки болести на кои особено треба да се внимава се : Карцниномот на тестиси и простата.

Она што е карактеристично е дека Министерството за здравство се труди да го вклучи во скрининг програмата и карциномот на простата – со што би имале полесна и значајна превенција на болеста за да не дојде развој на компликации.

Во текот на трибините, освен што се стави акцентот на машките и женските болести се проговори и за  завршувањето новата скрининг програма во рамките на Министерството за Здравство, за колоректален карцином – карцином кој ги зафаќа и двата бола и е често и сериозно заболување и затоа од почетокот на Јануари се почнува со активно користење на скрининг програмата за колоректален карцином.

Трибините „Не чекај превенирај’’  ширум државата беа поздравени со громогласни аплаузи од граѓаните  и СДСМ како оштествено одговорна партија уште еднаш ја покажа својата одговорност испраќајќи апели за подобрување на здравјето на граѓаните.

Во секој општествен сегемент Владата предводена од СДСМ зад себе има резулати што прават општествен напредок. Сепак на прво место секогаш се ставени  граѓаните и нивната заштита и унапредувањето на животниот стандард.

Треба да знаете
Moже да ве интересира