Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Протоколите се позитивни за Грција и од геополитички причини и од економски-развојни причини и добро е да се ратификуваат, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката телевизија „Action24“, говорејќи за трите меморандуми со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на главната грчка опозициска партија истакна дека прашањето е зошто актуелната Влада чекаше толку години за ратификација и посочи дека тие нема да го решат „проблемот што го создаде Нова демократија“.

Истакна дека предизборно, во 2019 година Нова демократија беше против Договорот, а сега не кажува јасно дали е корисен или штетен за Грција.

-Сега испраќа збунувачка порака и не разбираме дали е „за“ или „против“ договорот. Еден договор, особено со таков углед и опсег, или е корисен или е штетен за нашата земја. Не може да биде нешто на средина, посочи Каселакис. 

Паралелно потенцираше дека „ако е корисен за земјата нека го каже тоа премиерот“.

-Премиерот не ви ја кажува вистината, премиерот не ја кажува вистината за овој Договор. Сигурен сум дека самиот е многу среќен што овој договор беше постигнат пред тој да ја презеде власта, порача Каселакис. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира