Ковачевски: Со СДСМ државата е стабилна, безбедна, слободна со европска иднина, со ДПМНЕ изолирана, недемократска и со отворени прашања

„Во ДПМНЕ гледаме дека нема никаква промена. Нема програма, нема политичка понуда, нема идеа, став, не знаат за што се залагаат, само се нешто против. Тоа отуство на став, на политика го видовме и последните неколку години. За ниту едно важно прашање, државно, национално, ДПМНЕ немаше став. Само нешто кочеа и блокираа. А тоа го гледаме и деновиве“, посочи претседателот на СДСм, Димитар Ковачевски на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ за ИЕ 1 во Општина Центар.

Тој се наврати на изминатите денови и проблематизирањето на техничката Влада од страна на ДПМНЕ, изјавите дека нема да учествуваат, за потоа се предомислат. Па предлагањето на нивни кадри, за министри и заменици министри , при што не ги гласаа,како и нивното не одење кај претседателот Пендаровски на прием.

„Се заплеткаа самите не знаат што да прават со себе, а не со државата. Ги гледаме нивните градоначалници, за 2 години ниту еден проект не реализираа. Гледаме каков хаос се случува во Скопје. Не само што нема капитални проекти, не само што нема развој, автобуси нема, градски превоз нема. Тоа што се случува во Скопје е потсетник што се случува кога ДПМНЕ ќе добие власт“, рече Ковачевски.

Тој изрази убеденост во одлуката на граѓаните.

„Со СДСМ државата е стабилна, безбедна, слободна и што е многу важно, има извесна европска иднина. Со ДПМНЕ државата е изолирана, недемократска, постојано во некоја тензија и со отворени прашања,“рече Ковачевски.

Претседателот се осврна на остварувањетео на стратешката цел на државата и нејзини повеќе генерации – полноправно членство во НАТО. Како и дека со политиките на СДСМ и проевропските коалициски партии започнаа преговорите за членство во ЕУ после 17 години чекање.

„Ќе биде година на европска Македонија! СДСМ ќе го има победничкиот кандидат за претседател. На 8 ми мај, на слободни, фер и демократски избори ќе победи европскиот блок предводен од СДСМ. А на 9-ти мај, Денот на Европа, ќе ја формираме новата проевропска Влада којашто ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година“, порача Ковачевски.

„Со политиките на СДСМ и проевропските коалициски партии успеавме да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ после 17 години чекање. Членството во ЕУ значи економски просперитет, повеќе инвестиции и подобро платени работни места, повисоки плати и подобар животен стандард. Значи владеење на правото и далеку поефикасна борба со корупцијата, поефикасни државни институции“, посочи претседателот на СДСМ.

Претседателот ја посочи важноста на достигнувањето на земјите – членки на ЕУ и другите земји од западниот свет, како клучно и во насока на задржувањето на младите луѓе дома, во Македонија.

„Економскиот раст и животниот стандард директно зависат од економската размена со ЕУ како наш најголем партнер, и од продолжувањето на преговорите за полноправно членство кои нѝ носат повеќе европски фондови“, рече Ковачевски.

Тој посочи дека прекинот или застојот во преговорите значи и прекин и застој на економскиот раст и растот на платите, пензиите и животниот стандард.

„На овој народ не му треба тоа, нема нови години за губење. Не му треба нова изолација, ниту враќање назад. Имаме историска шанса да продолжиме по европскиот пат за полноправно членство во ЕУ до 2030 година! Ова ќе биде пресудна година за остварување на оваа државничка цел и јас ви ветувам дека ќе биде успешна година! Ќе биде година на европска Македонија! СДСМ ќе го има победничкиот кандидат за претседател“, порача Ковачевски.

Претседателот на СДСМ изрази убедување дека на изборите на  8 ми мај, на слободни, фер и демократски избори ќе победи европскиот блок предводен од СДСМ. А на 9-ти мај, Денот на Европа, СДСМ ќе ја формира новата проевропска Влада којашто ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година.

„Поддршка на државата кон домашните компании во 2017 година во времето на ДПМНЕ беше 0 денари. А СДСМ обезбеди рекордна поддршка за домашните компании, 100 милиони евра за поддршка на 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси,“ истакна Ковачевски.

Претседателот посочи дека невработеноста во време на ДПМНЕ изнесувала 25%. Како и дека СДСМ успеала да ја преполови и денеска невработеноста изнесува под 13%.

„Во времето на ДПМНЕ немаше ниту една мерка за поврат на парите кај граѓаните. Нула денари! А СДСМ за само 3 години врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните со неколку антикризни пакет мерки. Со антикризните мерки успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите и со тоа да ги заштитиме работните места“, посочи Ковачевски.

Тој се осврна на пакетите помош прво со 760 милиони евра и  последно со 662 милиони евра наменети за учениците, студентите, младите, пензионерите, ранливи граѓани, самохрани родители, домаќинства со ниски приходи, земјоделците, компаниите.

Претседателот зборуваше и за енергетската криза, и успешното справувањ есо истата.

„Ги стабилизиравме и ги намаливме цените на производите, на горивата, струјата ја сувенциониравме и до 90% за над 660 илјади наши сограѓани.Без антикризните мерки, многу граѓани ќе се соочеа со сиромаштија и сериозни економски проблеми. Тоа не го дозволивме. Гледаме низ Европа многу посилни економиии се соочуват со поголеми проблеми“, рече Ковачевски.

Тој посочи дека додека опозицијата ги кочела антикризните мерки и оневозможувала помош за граѓаните и бизнисите СДСМ работела и успеала. Притоа потенцираше дека,без мерките на владата, сметките за струја ќе биле многу повисоки и ќе го загрозеле животниот стандард. Тој најави дека СДСМ ќе  продолжи и понатаму со нови мерки и политики, со директна финансиска поддршка и помош за граѓаните и зголемување на стандардот.

Треба да знаете
Moже да ве интересира