Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Нема оска СДСМ-ДУИ-Груевски, ради сопствени интереси пука оската Мицкоски-Груевски

„СДСМ и ДУИ се коалициони партнери, но нема никаква оска со Груевски. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ сака да покрие, прикрие или забошоти внатрешен судир меѓу Груевски и Мицкоски нема да им помогне фрлајќи етикета на владината коалиција дека припаѓаме во некаква оска. Оската била Мицкоски-Груевски и таа оска пука бидејќи не може да си ги заштитат сопствените интереси“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „360 степени“.

Тој додаде дека Груевски до вчера беше претставуван како икона и жртва на актуелната влада, а денес од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека тој бил во оска токму со СДСМ.

„Мене ми изгледа дека судирот е сериозен. Постојат поделби во ВМРО-ДПМНЕ подолго време. Има судири по повеќе основи, една е оваа борба за превласт, но од друга страна има и повеќе линии на кои се разликуваат луѓето во ВМРО-ДПМНЕ, за кои претпоставувам една се и уставните измени“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека е убеден оти во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои ја разбираат тежината на ситуацијата и разбираат дека ставањето на својата држава под политичко заложништво ќе значи ставање на Северна Македонија во категорија со Косово и Босна и Херцеговина, па дури и можеби на долг рок ставање под прашалник на реалната можност за европска интеграција.

ВМРО-ДПМНЕ е во комуникација со структури во Бугарија за блокирање на европската интеграција на земјава

„Јас сум убеден дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници и луѓе кој што ќе и ја разбираат тежината на ситуацијата, разбираат дека ставањето на својата држава под заложништво, политичко заложништво наводството на ВМРО-ДПМНЕ ќе значи одвојување од Албанија на среден рок ако не на краток тогаш на среден рок, ставање на Северна Македонија во категорија со Косово и Босна и Херцеговина и дури можеби и на долг рок ставање под прашање на нашата реална можност за Европска интеграција“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервјуто за „360 степени“.

Тој додаде дека можеби токму и тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи има шпекулации дека намерно го прават ова за да отворат пат за други држави и да си отворат пат за себеси да јаваат на бранот на популизмот.

„Јас сум убеден дека постои комуникација на ВМРО-ДПМНЕ со структури во Бугарија и со структури во другите држави од регионот, а која е целта на таа комуникација нека објаснат самите“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека тој нема дилеми дека ВМРО-ДПМНЕ разговара со политички структури во Бугарија и со политички структури од други држави во регионот.

Маричиќ: Сигурен сум дека во ВМРО-ДПМНЕ има многу УСБ-иња на Груевски

„ВМРО-ДПМНЕ не може да ја објасни својата улога во целиот овој период околу овие прашања, полека се разоткриваат дека целта и била впрочем нив неказнивост и пензионирање на СЈО. Јас сум сигурен дека има многу УСБ-иња од Груевски во ВМРО-ДПМНЕ и тоа не се сомневам“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „360 степени“.

Тој додаде дека Мицкоски во неговиот говор призна дека политичка цел на ВМРО-ДПМНЕ била да го пензионираат СЈО, нешто што досега не го кажал ниту еден висок функционер од опозициската партија.

„Театарот што го прави ВМРО-ДПМНЕ во овој случај не може да го покрие нивното долгогодишно учество во разговорите на оваа тема. Такви материјали има бројни, може секој да го направи тоа е еден вид на анализа на делови од Кривичниот законик со предлози и такви слични материјали приложуваше и презентираше ВМРО-ДПМНЕ уште 2019, 2020 година кога се разговараше за законот за јавно обвинителство“ рече Маричиќ коментирајќи за УСБ-то кое го споменува ВМРО-ДПМНЕ со предлози за измените на Кривичниот законик.

Вицепремиерот Маричиќ негираше дека постои комуникација меѓу СДСМ и Груевски и рече дека тоа е театар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да го прикрие внатрешниот судир.

„СДСМ и ДУИ се коалициони партнери, но нема никаква оска со Груевски. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ сака да покрие, прикрие или забошоти внатрешен судир меѓу Груевски и Мицкоски нема да им помогне фрлајќи етикета на владината коалиција дека припаѓаме во некаква оска. Оската била Мицкоски-Груевски и таа оска пука бидејќи не може да си ги заштитат сопствените интереси“ рече Маричиќ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира