Марјан Ѕингаров со изложба „Реминисценции“ во КИЦ на РСМ во Софија

На 7 март (вторник) 2023 во КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18:00 часот, ќе биде отворена ликовната изложба „Реминисценции“, составена од сликарски дела на Марјан Ѕингаров, повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на РСМ во Софија.

На изложбата авторот го претставува својот последен циклус од сликарски дела. Сликите се изработени на платно со комбинирана техника и употреба на акрилни бои.

Марјан Ѕингаров е роден 1976 г. во Струмица. Дипломирал во 2002 г. и магистрирал во 2005 г. на Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија.

Има реализирано девет самостојни изложби во Северна Македонија, Бугарија и Романија. Учесник на групни изложби во Северна Македонија, Бугарија, Грција, Србија, САД, Англија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Полска, Чешка, Романија.

Носител на Годишната награда на Општина Струмица, Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици за 2022, за особен придонес во областа на културата и уметноста.

Треба да знаете
Moже да ве интересира