Премачкајте ги ѕидовите од замрзнувачот со ова и мразот сам ќе се одлепи

Наталожениот мраз во замрзнувачот не само што зафаќа простор, туку ја зголемува и потрошувачката на струја, а домаќинките сè почесто споделуваат едноставен трик што може значително да го олесни одмрзнувањето и да спречи брзо повторно создавање ледени наслаги.

Според советите објавени на порталот „Супержена“, по целосното одмрзнување и сушење на замрзнувачот, внатрешните ѕидови треба лесно да се премачкаат со тенок слој масло за јадење. Овој слој создава заштитна бариера поради која мразот потешко се лепи за површините и подоцна полесно се отстранува. 

Експертите советуваат замрзнувачот редовно да се чисти и да не се преполнува, бидејќи лошата циркулација на воздухот и влагата од незатворена храна дополнително придонесуваат за создавање мраз. Исто така, важно е да се провери дали гумата на вратата добро затвора, затоа што и малото навлегување топол воздух може брзо да создаде нови ледени наслаги. 

За побрзо одмрзнување, некои домаќинства користат и сад со топла вода или фен за коса, но се препорачува внимателност за да не дојде до оштетување на уредот. 

Редовното отстранување на мразот може да го продолжи работниот век на замрзнувачот и да ја намали потрошувачката на електрична енергија, особено кај постарите уреди.

Најчитано

[wpp wpp_start='
    ' range='last24hours" limit=5 stats_views=0 ]