Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Националниот Совет за безбедност в среда ќе расправа за безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион

 Претседателот Стево Пендаровски закажа седница на Советот за безбедност во среда (1 ноември) со почеток во 12:00 часот, соопшти кабинетот на шефот на државата.

На дневен ред на седницата што ќе се одржи во вила „Водно“, ќе биде безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира