Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Намалените цени на прехранбените производи означени со „гарантирана цена“, наместо до 30 ноември – ќе важат до 31 декември

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговија на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед.

Според владината одлука, мерката за намалување на цените на дел на основните прехранбени производи, означени со „гарантирана цена“, наместо до 30 ноември, ќе се применува до крајот на годината, односно до 31 декември, соопштија од Владата после денешната седница.

Одлуката е донесена на предлог на Министерството за економија, по консултации со бизнис секторот, а со цел заштита на потрошувачите од евентуално повторно зголемување на цените.

Одлуката влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Владата донесе и Одлука за престанок на важењето на Одлуката за забрана на трговците да вршат трговија со одредена стока.

Со оваа владина одлука, производителите, дистрибутерите и трговците ќе имаат можност да ги стават сите земјоделски и прехранбени производи на акција и промоција.

И оваа одлука е донесена на предлог на Министерството за економија, по направени консултации со бизнис секторот, а во интерес на граѓаните да има акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) на производите, се наведува во соопштението на Владата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира