Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Не знаеле дека во собата им виси Пикасо, ја нарекувале „грдата слика“

Со години во куќата на Андреа Ло Росо на Капри во Италија „висела“ слика за која дури сега се испоставува дека е дело на Пикасо, таткото на кубизмот и на модерната уметност.

Родителите на Андреа со години се расправале за неконвенционалниот портрет, кој го открил неговиот татко Луиџи Ло Росо во подрумот на една вила во Капри 1962 година. Го врамит во евтина рамка и го ставил на ѕидот. Неговата сопруга со години ја грдела сликата со чудно згрченото лице на жена, а испишаното име „Пикасо“ во горниот лев агол не значеше ништо за ниту еден од нив.

„Татко ми беше од Капри и собираше ѓубре за да го продаава“, изјави Ло Росо за Гардијан. „Тој ја најде сликата пред да се родам јас и немаше поим кој е Пикасо. Не беа по уметноста. Мајка ми не сакаше да го задржи платното и постојано велеше дека е ужасно“, додаде тој.

Семејството побарало совет од Фондацијата Аркадија, која врши уметнички атрибути и проценки. Членот на научен комитет на фондацијата, д-р Синзија Алтиери, обучен графолог или специјалист за ракописи, го проучувал потписот на сликата. Фондацијата, исто така, побара помош од познатиот уметнички детектив Маурицио Серачини, кој спроведе хемиско-научна анализа на делото.

Како тим, овие експерти го потврдија приписот на Пикасо. Сликата е идентификувана како портрет на Дора Маар, француската надреалистичка фотографка, сликарка и поетеса која во тоа време била љубовница на Пикасо.

Се верува дека е направено извесно време помеѓу 1930 и 1936 година за време на патувањето во Капри, каде што Пикасо често престојувал, иако тој првпат ја запознал Маар кон крајот на 1935 или почетокот на 1936 година. Двојката имала врска која траела скоро девет години и, иако таа беше уметник, уметноста на Маар дури неодамна го доби вниманието што го заслужува. Во 2019 година, во Центарот Помпиду во Париз и Тејт Модерн во Лондон беше претставена значајна ретроспектива од над 250 дела на Маар.

Се очекуваат последните верификации дека платното е на Пикасо и ако се покаже како точно, Ло Росос може да очекуваат 6,7 милиони долари колку штоо првично е проценето делото од страна на Фондацијата Аркадија.

Зачлени се на нашиот е-билтен