„Во Бугарија се до толку нефинкционални што не можат ниту избори да одржат“ и „ Немам намера да им одговарам на луѓе коишто ловат политички поени, а се политички маргиналци затоа што се претставници на влада која што нема легитимитет од никого“, рече вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски како одговор на прашањето на соопштението на Министерството за надворешни работи на Бугарија во кое беше посочено дека нема нови преговори без разлика дали во Софија има службена или политичка влада.
„Ова не е политика на Бугарија од вчера, туку политика којашто ја имаме од 2020 година и секогаш кога Бугарија ќе дојде време на избори се злоупотребува темата Македонија. Не сум сигурен кога им се изборите затоа што дотолку се нефункционални што не можат ни избори да закажат. Ова им е седма или осма техничка влада и веќе ни луѓе не можат да најдат за во техничка влада“, рече Николоски.
Тој ѝ на Бугарија „да си ги средат прво дома работите, нека изберат политичка влада и ќе седнеме“.
„Немам намера да им одговарам на луѓе коишто ловат политички поени, а се политички маргиналци затоа што се претставници на влада која што нема легитимитет од никого“, потенцираше Николоски.