Основното јавно обвинителство Битола извршило увид по убиството на 31-годишна жена во битолската населба Баир. Битолчанка Ајнет Вејсел, е мајка на четири деца. Ја уби нејзиниот сопруг со кого не живееле заедно.
Убиство се случило утрово во 6 и 40 часот во населбата Баир на ул. „5-та“. Убиецот е лишен од слобода и се наоѓа во полициската станица во СВР Битола.
Сопругот е на возраст од 33 години и е осомничен дека си ја убил сопругата, а како повод за фемицидот се наведува семејна расправија и недоразбирања кои траеле подолг период. Од обвинителството соопштија дека од местото на настанот се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на дополнително вештачење, а издадена е и наредба за обдукција на телото.
Осомничениот е лишен од слобода, а обвинителството најави дека по преземањето на сите истражни дејства ќе ја информира јавноста за понатамошната постапка.
Случајот се истражува како убиство, а во тек е анализа на доказите собрани при увидот.
