Општина Карпош: Лукровски не си дал оставка, во моментов е на боледување

Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка.

Оттаму додаваат дека тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини,

„Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните.

Согласно законските процедури, надлежности привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски. Општина Карпош апелира до јавноста и медиумите за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство во овој период“ соопштуваат од општина Карпош.

Зачлени се на нашиот е-билтен