Денес со почеток во 18.00 часот во Јавна Соба ќе биде отворена ликовната изложба „Еден наставник и многу ученици“.
Организатор на изложбата е Едукативниот Центар за класична ликовна уметност „Да Винчи“, предводен од уметницата Викторија Егорова. Центарот направи селекција на делата на учениците и се создаде богата изложба со над 150 дела, преку кои ќе се претстават 50 ученици автори, на возраст од 5 до 55 години.
Изложбата ќе остане поставена во просториите на Јавна Соба една седмицa. Влезот за посетителите е слободен.