Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Папата Франциск ги повика Израел и Хамас да ги прифатат предлозите за прекин на огнот

 Папата Франциск денеска повика на итна испорака на хуманитарна помош за Палестинците во Газа, како и Израел и Хамас да ги прифатат предлозите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

– Ја охрабрувам меѓународната заедница да направи нешто итно, со сите средства, за да му помогне на народот во Газа кој е уморен од војна, рече папата истакнувајќи дека „никој не смее да ја попречува“ хуманитарната помош.

Поглаварот на римокатоличката црква изрази надеж дека Израел и Хамас ќе постигнат договор за прекин на огнот, додавајќи дека знае оти преговорите „не се лесни“.

– Се надевам дека мировните предлози што беа претставени од сите страни и ослободувањето на заложниците ќе бидат прифатени веднаш, за доброто на Палестинците и Израелците, рече Франциск.

Потсетувајќи како пред десет години одржал мировна молитва во Ватикан кога биле присутни тогашниот претседател на Израел Шимон Перес и палестинскиот лидер Махмуд Абас, папата оцени дека нивната средба „покажала дека е можно ракување“ и оти повеќе храброст е потребно за постигнување мир, отколку за водење војна.

Зачлени се на нашиот е-билтен