Папата Франциск ги советува свештениците да имаат кратки проповеди за членовите на конгрегацијата да не задремат

Свештениците треба да говорат не повеќе од осум минути за членовите на конгрегацијата да не задремат, рече денеска папата Франциск.

Проповедта, односно пораката која се произнесува од свештеникот за време на богослужбата, „мора да биде кратка – слика, мисла, чувство“, порача Светиот Отец на денешната аудиенција.

„Таа не треба да трае повеќе од осум минути, „бидејќи после тоа време вниманието се губи и луѓето заспиваат. Понекогаш свештениците зборуваат многу и човек не може да разбере што зборуваат“, рече 87- годишниот папa.

Проповедта во римокатоличката црковна служба следи по читање делови од Библијата и се користи за зајакнување на црковното учење. 

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?