Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Партизирање на Фондот за здравство

„Вработените во Фондот за здравство утринава биле дочекани со пораки на службениот мејл со кои се глорифицира владата за работата во нејзините први сто дена. На некои можеби им се допаднале, а други веројатно биле изнервирани од партиското мешање во независната институција“, пишува денеска Независен весник.

Како што наведува Независен весник, Двајцата директори, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, наводно им испратиле циркуларна пошта проследена со порака за тоа што направила владата. Клековски и Аџигогов напишале до вработените: „Благодарност до раководството и вработените кои го прават тоа возможно. Поттик да за 1 година влада постигнеме уште повеќе. За нашите осигуреници, за граѓаните, за Македонија“.

Па се редат постигнувањата со кои владата ги обележува своите сто дена.

Сашо Клековски во македонската јавност долги години беше познат како една од најистурените личности во невладиниот сектор, директор на можеби најголемата невладина организација, која направи купишта истражувања и проекти за недозволеното големо мешање на партијата во администрацијата која треба да биде непартиска и одговорна. Но, пред неколку години влезе во ВМРО-ДПМНЕ, во нејзиното врвно раководство и по изборите доби прилично одговорна функција. Сега треба да се спроведува партиската и владината стратегија.

Завршија деновите во невладиниот сектор, сега е време за владиниот.

И Бранко Аџигогов бил дел од невладиниот сектор, но одамна. Од 2007 е вработен во Фондот за здравствено осигурување на различни позиции. Официјално, според податоците од ФЗО, последната од 2021 пред да стане директор бил „лице за следење на спроведување на стратегија за спречување корупција и конфликт на интереси“. Можеби кога бил на таа функција навистина спречувал да има конфликт на интереси. Но сега како директор, очигледно, со ваквите пораки го поттикнува, пишува Независен весник.

Преземено од Независен весник.

Зачлени се на нашиот е-билтен