Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повеќе од 10 западни земји во заедничка изјава изразија „длабока загриженост“ поради насилството во Кенија

– Повеќе од 10 западни земји нагласија дека се „длабоко загрижени“ од насилството за време на протестите против зголемувањето на даноците во Кенија во кои има најмалку петмина убиени.

Амбасади и дипломатски претставништва од 13 држави, вклучително и Канада, Германија, Велика Британија и САД во заедничката изјава наведоа дека се „исклучително шокирани од сцените видени пред кенискиот парламент“.
Најмалку пет лица загинаа во Кенија кога полицијата отвори оган врз демонстрантите кои се обидоа да упаднат во парламентот.

Повредени се десетици учесници во протестот, опожарени се и делови од зградата на законодавното тело кое гласаше за закон за зголемување на даноците.

Во хаотични сцени, демонстрантите се судрија со полицијата, во обид да упаднат во парламентот, а пожар избувна внатре во зградата. Полицијата отвори оган откако солзавец и водени топови не беа доволни за да ги растераат демонстрантите.

Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во денешната престрелка, според итните служби кои пристигнале на местото на настанот.

Протести и судири имаше и во неколку други градови во државата.

Кенискиот парламент го одобри нацрт-законот за зголемување на даноците, кој оди на трето читање. Следниот чекор е тој да биде испратен до претседателот Вилијам Руто за негов потпис, кој може да го испрати назад до Парламентот доколку има приговори.

Протестите се против зголемувањето на даноците во земја каде што трошоците за живот станаа многу повисоки, а многу од демонстрантите бараат и оставка од шефот на државата.

Зачлени се на нашиот е-билтен