Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повеќе од 300 битолчани веќе три месеци ги чекаат решенијата за пензионирање, живеат без приходи и без здравствено

Повеќе од 300 битолчани веќе три месеци ги чекаат решенијата за пензионирање, живеат без приходи и без здравствено затоа што битолската филијала на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување нема доволно вработени за да ги изработат документите на граѓаните кои се стекнале со право на пензија.

Ситуацијата со решавањето на предметите во филијалата на Фондот за пензиско осигурување во Битола е алармантна, но ќе биде решена, а осигурениците ќе си ги остварат своите права во најкус рок, рекол директорот на ПИОМ Никола Мемов за време на неговата посета на Битола.

Во битолската филијала според систематизацијата на работни места треба да има 27 вработени, а работат само седум. На средбата вработените го информираа Мемов дека  е голем бројот на нерешени предмети, дури 380, кои заостанати од јули годинава.

Мемов најавил прераспределување на задачите на вработените во филијалата Битола, за да се изработат решенијата за утврување на правото на пензија.

Директорот на ПИОМ соопштил дека дури наредната година ќе може и трајно да се реши проблемот со вработување на потребниот кадар, бидејќи сега на сила е Одлуката на Владата за замрзнување на вработувањата и унапредувањата во администрацијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново