Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пожарот во прилепско стигна до селото Крушевица, општината бара сите кои имаат имот во селото да помогнат во гасењето

Пожарот кој што изминативе денови гори на територијата на општина Прилеп се заканува да го зафати селото Крушевица, поради што од општината побараа помош од сите жители.

Како што извести ЦУК, пожарот во општина Прилеп е најактивен кај селата Штавица, Крушевица, Пештани и Прилепец и гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.

Од Општина Прилеп ги повикаа сите кои имаат имот во селото Крушевица итно да се упатат кон своите имоти опремени со соодветна облека и алат за гасење (лопати и гребла). Тие известија дека пожарот се доближува до селото и бараат сите кои може да помогнат.

Под објавата на Општина Прилеп на социјалните мрежи граѓаните револтирано реагираат бидејќи се чекало премногу за да дојде ситуација во која од пожарот се загрозени и имотите на граѓаните. Граѓаните прашуваат зошто се чекало да дојде до ова и дека службите несериозно и на шега ги сфаќаат пожарите.

Претходно објавиме дека се шири и пожарот во општината Чашка, каде што гори мешана шума, а според локалните жители тие немаат никаква помош во гасењето.

Зачлени се на нашиот е-билтен