Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Програмата на Владата на Мицкоски прифаќа дека преговорите со ЕУ се започнати и дека е прифатен македонскиот јазик

Во Програмата за работа на Владата на Северна Македонија (2024-2028), што ја презентираше Мицкоски на собраниската седница за избор на новата влада, во делот „Приоритети во надворешната политика“ од 44 до 47 страница, е запишано дека „Владата ќе остане посветена на европската и евроатлантската безбедносна рамка и на целосната усогласеност на политиката на земјата со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и НАТО…“.

Уште повеќе Мицкоски, во предложената програма најавува дека значително „ќе се унапреди структурата на преговори“. Значи „ќе се унапреди“, а не ќе се „утврди“ или ќе се „постави“.

Во програмата Мицкоски го верификува и признавањето на посебноста на македонскиот јазик од страна на ЕУ, нешто што постојано го негираше, и додава дека „ќе ги зајакне преведувачките и толкувачките капацитети за македонски јазик, сио цел обезнедување на квалитетна поддршка во текот на пристапните преговори“.

Вака опишани во Програмата на Владата 2024-2028, тие се признание ем за започнати преговори, ем за прифаќањето на македонскиот јазик како автентичен идентитетски елемент на македонскиот народ.

Зачлени се на нашиот е-билтен