Петер Маѓар: ЕУ треба да ги прими Западен Балкан пред Украина за да ја зачува кредибилноста

Орбан

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, оцени дека Европската Унија треба да им даде приоритет на кандидатите од Западен Балкан пред Украина во процесот на проширување, предупредувајќи дека одолговлекувањето може да ја поткопа довербата и кредибилитетот на европскиот проект.

Според неговата порака, ЕУ се наоѓа во клучен момент кога мора да покаже јасна и доследна политика кон земјите кои со години чекаат на интеграција, при што Западен Балкан, како што нагласува, не смее да остане во сенка на новите геополитички приоритети.

Маѓар истакнува дека проширувањето не треба да биде само политичка одлука под притисок на актуелните кризи, туку процес базиран на заслуги, стабилност и реална перспектива за членство, со цел да се избегне дополнително разочарување кај земјите кандидати.

Во европските институции веќе постои дебата за забрзување на интеграцијата на Украина по руската инвазија, но истовремено и за ревизија на моделот на проширување кој би можел да опфати и постепено интегрирање на државите кандидати.

Најчитано