Роде: Чекам Српска листа да го осуди нападот врз полицијата во северно Косово

Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде изјави дека „целиот свет, вклучително и Српската православна црква, се шокирани и ги осудуваат вчерашните настани“ во северно Косово, каде што во напад на вооружена и маскирана група беше убиен еден и беа ранети двајца припадници на косовската полиција, јави дописникот на МИА од Приштина.

На неговата страница на платформата „Х“, поранешен Твитер, Роде ја запраша партијата на косовските Срби, Српска листа, дали ќе се приклучи на осудата на убиствениот напад врз косовската полиција.

– Целиот свет, вклучително и Српската православна црква, се шокирани и ги осудуваат вчерашните настани: Се прашувам дали и Српска листа ќе го прекине молкот и ќе ни се придружи на сите во нашиот јасен став против овој убиствен напад врз косовската полиција, напиша Рохде.

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, која е отворено поддржана од официјален Белград и од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, сé уште не реагирала по повод вчерашните инциденти во селото Бањска, кај Звечане, во кои, по убиството на косовскиот полицаец, според официјални извори во Приштина, загинаа уште најмалку тројца од триесетината напаѓачи.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?