РОДИТЕЛИ ќе одите во затвор ако вашите деца малтретираат други деца

Случајот со 13-годишното девојче од Ѓорче Петров повеќе не е само приказна за врсничко насилство. Со шесте кривични пријави против родители, тој станува предупредување дека државата почнува да го отвора и второто прашање: кој ги воспитувал, кој ги контролирал и кој ја пропуштил должноста да спречи децата да станат насилници.

Клучниот член е 201 од Кривичниот законик. Во официјално достапниот пречистен текст, ова кривично дело предвидува дека родител, посвоител, старател или друго лице кое со грубо запоставување на должноста за грижа и воспитување ќе го запушти или ќе го малтретира малолетното лице, може да се казни со затвор. Истата одредба опфаќа и ситуации во кои малолетно лице се присилува на работа што не одговара на неговата возраст и физичка сила или се наведува на дејствија штетни за неговиот развој.

д судија за деца, а паралелно се постапува и по пријави против родители по член 201 од Кривичниот законик – „Запуштање и малтретирање дете“.

Тоа е моментот во кој родителите мора да да разберат една важна работа: кога малолетник ќе изврши насилство, одговорноста не мора да заврши кај детето.

Во македоскиот правниот систем постои врата преку која одговорноста може да се прошири и кон родителот, ако обвинителството докаже дека токму грубото запоставување на должноста за грижа и воспитување довело до такво однесување.

Во меѓувреме, до Основното јавно обвинителство Скопје се доставени шест кривични пријави против родители. Обвинителството наведува дека тие се однесуваат на лица кои, како родители, ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување, а како резултат на тоа нивните малолетни деца извршиле насилство, односно физички напад врз 13-годишната малолетничка. Пријавите се распоредени и по нив се обезбедуваат докази за проверка на наводите во редовна постапка.

Затоа случајот од Ѓорче Петров е пресвртна точка. Тој покажува дека врсничкото насилство веќе не може да се третира како „детска работа“, како тепачка што ќе помине со укор или како приватен проблем меѓу семејства. Кога насилството се повторува, кога се снима, кога се споделува и кога жртвата се понижува пред публика, тоа станува општествен и правен проблем. А родителите кои не знаат да ги воспитаат своите деца со разговор наместо со насилство, тоа ќе се повтори.

Зачлени се на нашиот е-билтен