Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сабриу од „Вреди“: Изјавата на Гаши за албанскиот јазик ја отсликува реалноста на нашата земја, албанскиот јазик не е официјален

Фатмир Сабриу од Коалицијата „Вреди“ коментирајќи го барањето на „Европскиот фронт“ за итна оставка од претседателот на Собранието Африм Гаши, истакна дека неговата изјава само ја отсликува реалноста на нашата земја оти албанскиот јазик не е официјален јазик во земјава.

-Изјавата на претседателот на Собранието на Северна Република дадена синоќа во Алсат само ја отсликува реалноста на нашата земја, односно дека албанскиот јазик кај нас не е официјален. Да, вистина е. Имаме закон за употреба на јазиците што ја унапредила употребата на албанскиот јазик, но кај нас албанскиот јазик не е официјален. Меѓутоа, нашите институции и функционери во меѓународните односи комуницираат само на еден јазик. Многу е јасно дека лица кои се прогласени за персона нон грата или се корумпирани, вклучени во американската „црна листа“, се против човек кој е благороден, праведен, морален, затоа што не можат да разберат дека таков човек може да се занимава со политика и да носи јавна функциија, рече Сабриу.

Тој потенцира дека пратеничката група на „Европскиот фронт“ имаат легитимно право да побараат оставка.

-Тие имаат легитимно право да бараат оставка. Ги имаат процедурите и механизмите предвидени со Уставот и законот. Ако мислат дека имаат поддршка, слободно нека се обидат да го разрешат претседателот на Собранието, рече Сабриу.

Пратеничката група на Европскиот фронт предводена од ДУИ денеска побара итна оставка  од претседателот на Собранието Африм Гаши откако тој во интервју зателевизија „Алсат“ изјави дека македонскиот јазик е единствениот официјален јазик во државата, а албанскиот јазик е преведен јазик. 

-„Европскиот фронт“ изразува длабок револт и огорченост поради срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши, во врска со статусот на албанскиот јазик во Република Северна Македонија. Неговото тврдење дека единствениот службен јазик во земјата е македонскиот, а дека албанскиот јазик е „преведен јазик“, претставува не само отворена лага, туку и тежок чин на предавство кон албанскиот народ, нашата историја и нашите тешко стекнати права. Шокантно е, но не и изненадувачки, што г. Гаши – личност избрана за да служи како марионета во највисоката хиерархија на државата – може да падне толку ниско, достигнувајќи ниво на самопонижување кое дури и најжестоките анти-Албанци не би се осмелиле да го допрат. Бараме негова итна оставка од функцијата претседател на Собранието. Тој ќе остане срам за нашиот народ, за нашата историја, изјави денеска пратеничката на „Европскиот фронт“, Арбана Пашоли. 

Зачлени се на нашиот е-билтен