Санчез: Шпанија и Ирска побараа од ЕУ да провери колку Израел ги почитува човековите права во Газа

Шпанија и Ирска побараа од Брисел „итно“ да испита колку Израел ги почитува човековите права во Газа, објави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез преку социјалната мрежа „Икс“.

Соочени со критичната ситуација во Рафах на југот на Појасот Газа, шпанската и ирската Влада испратија писмо до Европската комисија во кое бараат од неа „итно да испита дали Израел ги исполнува своите обврски за почитување на човековите права во Газа“, напиша Санчез во пораката.

Двете земји бараат и Советот на ЕУ да преземе соодветни мерки доколку се заклучи дека Израел не ги почитува обврските што ги презел.

Во пораката Санчез потсети и на ужасот од 7 октомври, мислејќи на нападот на палестинскиот Хамас врз Израел, по што Израел започна воена офанзива на Појасот Газа, каде што Хамас е на власт. Тој, исто така, побара ослободување на сите заложници кои Хамас сè уште ги држи во Газа. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира