Сашо Клековски се спрема за нов министер за здравство

Клековски

Рацин.мк дознава дека актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, се споменува како најсериозен кандидат за нов министер за здравство во најавената реконструкција на Владата.

Се очекува актуелниот министер Азир Алиу да ја напушти функцијата, а ресорот здравство да премине под директно раководење на ВМРО-ДПМНЕ. Алиу и натаму официјално ја извршува министерската функција, а Владата сè уште нема објавено конечна одлука за негово разрешување или за именување наследник.

Покрај него, како можни кандидати за раководење со Министерството за здравство се споменуваат и директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Синиша Стојановски, како и директорот на Ургентниот центар, Игор Мерџановски.

Клековски е лекар и менаџер со долгогодишно искуство во граѓанскиот сектор и здравствената политика. На функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување е од јули 2024 година, а во мај 2026 година доби полн директорски мандат.

Преговорите за реконструкцијата сè уште траат. Според досегашните информации, Министерството за здравство не е дел од пакетот ресори со кои треба да раководи коалицијата ВЛЕН, што ја отвора можноста секторот да го преземе кадар предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитано