Пожарот кој од вчера гори во атарот на селото Равец во близина на Кавадарци повторно се засилил попладнево, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
„Попладнево огнот се проширил на тешко пристапен терен во атарот на селото Равец и се разговрува со голема брзина. Поради тоа се употребени и дополнителни два хеликоптера – еден полициски и еден армиски, кои учествуваат во гаснењето на огнот“ информира Ангелов.
Ангелов додава и дека овој пожар тешко дека ќе се стави под контрола во текот на денот, па дури и во текот на ноќта.
Од друга страна, се појавија информации дека пожарот во близина на Кавадрци е намерно подметнат, а полицијата веќе има едно осомничено лице кое е на информативен разговор.
