Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сензација на ЛОИ Париз 2024: Милјана Рељиќ од Македонија ја победи двојната олимписка шампионка Џонс

Македонската теквондо натпреварувачка Милјана Рељиќ приреди голема сензација на своето деби на едни Летни олимписки игри.

Таа во категоријата до 57 килограми денеска се судри со една од најдобрите во овој спорт, Џејд Џонс од Велика Британија. Рељиќ херојски се бореше против далеку поискусната ривалка. Во првата рунда беше дури и подобриот ривал и со 7-6 поведе со 1-0. Втората рунда ѝ припадна на Британката, додека третатат беше израмнета, но нашата натпреварувачка имаше повеќе удари и затоа нејзе ѝ припадна победата.

Инаку, Џонс е искусна теквондистка која е трета носителка на овој олимписки турнир. Таа е двократна олимписка шампионска од игрите во 2012 и 2016, исто така и светска шампионка од 2019 година, а од Европските првенства има три златни медали.

Милјана Рељиќ ја очекува уште една борба денеска во 15:45 часот, во четвртфиналниот круг, против теквондистката Лаетина Аоун од Либан.

Најново