Во извештајот за напредокот на Северна Македонија на Европската комисија, дознава Рацин.мк, се истакнува дека земјата треба да продолжи да го испорачува спроведувањето на реформите, особено оние опфатени во кластерот „Фундаменти“, како што се оние во правосудството, борбата против организираниот криминал и корупцијата за која што се вели дека мора бескомпромисно.
Извештајот нотира дека Северна Македонија сѐ уште не ги прифатила уставните измени кои треба да ги вклучат граѓаните на оваа земја кои се изјаснуваат како Бугари, обврска што земјата се обврза да ја спроведе.
Северна Македонија конзистентно ја одржува својата политичка посветеност кон својата стратешка цел интеграцијата во ЕУ и покажува висок степен да оди напред во пристапните преговори.
Во извештајот се препорачува Северна Македонија да ги спроведе целосно билатереланите договори со соседните земји во добра волја и со поддршка на сите засегнати страни, вклучувајќи ги Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија.
Покрај обврската за овие договори, Северна Македонија треба да ги преземе сите неопходни чекори за да напредува до преговарачкиот процес со ефикасно спроведување на реформите поврзани со ЕУ интеграцијата, се вели во политичкиот дел на Извештајот за напредокот на Македонија во евроинтеграциите на Европската комисија, во кој Рацин.мк имаше увид.