Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шкријељ: Собранието е место каде треба да се натпреваруваме со идеи за поквалитетен живот на граѓаните, а не со насилство

Санела Шкријељ
Санела Шкријељ

„Собранието е претставнички дом на граѓаните и место каде треба да се натпреваруваме со идеите за подобар квалитет на животот на сите граѓани, а не со насилство. Можеме да имаме различни ставови по секое едно прашање и да ги спротивставуваме своите аргументи за тоа, но никогаш повеќе не смееме да дозволиме пратениците, собраниските служби, новинарите и медиуските работници на најбрутален и насилнички начин да бидат нападнати и да им биде загрозен животот токму тука, во она што треба да биде храмот на демократијата“, порача пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ во својата изјава по повод 27 април, годишнината од крвавиот четврток во Собранието.

Таа посочи дека пратениците треба да покажат дека државата ја сакаат со ум, а не со насилство. Како и дека треба да се спротивстават на политиките на делби и ширење омраза.

„Да не дозволиме повторно газење врз слободата, врз демократијата, пресметување со неистомисленици, напади врз новинари. Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина! Нема откажување од иднината“, порача Шкријељ.

Зачлени се на нашиот е-билтен