Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шпанските земјоделци со трактори се упатија кон Мадрид

 Повеќе стотици шпански земјоделци денеска со трактори се упатија кон Мадрид и ќе побараат намалување на трошоците за земјоделското производство.

Пред Министерството за земјоделство во Мадрид денеска ќе се одржи најголемиот протест до сега, по повеќе од две недели секојдневни протести ширум Шпанија.

Унијата на синдикати, која го организира протестот, наведе дека во Мадрид ќе пристигнат 500 трактори и голем број земјоделци, кои ќе допатуваат со автобуси.

Изминатите недели слични протести се одржуваа ширум Европа. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира